Шилегов се збогува од Бандиќ: Скопје загуби голем пријател!

„Со голема жал и неверување ја примив веста за прераната смрт на Милан Бандиќ. Загреб загуби градоначалник, кој легендата за себе ја создаде за време на својот живот. Скопје загуби голем пријател. Јас загубив голем пријател. Почивај во мир, Милане“, напиша Шилегов на Фејсбук.

718

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов утринава се прости од својот колега од Загреб, Милан Бандиќ, кој ненадејно починал откако доцна во ноќта му се слошило, по што итно бил хоспитализиран во загребската болница „Свети Дух“.

„Со голема жал и неверување ја примив веста за прераната смрт на Милан Бандиќ. Загреб загуби градоначалник, кој легендата за себе ја создаде за време на својот живот. Скопје загуби голем пријател. Јас загубив голем пријател. Почивај во мир, Милане“, напиша Шилегов на Фејсбук.






Бандиќ подолг период имал здравствени проблеми, а во 2003 година доживеа тежок мозочен удар. Пред три години му беше вграден стент, а во јуни минатата година беше хоспитализиран откако му се слоши. Тој исто така имал белодробна емболија и неколку операции, вклучително и операција на гласните жици.

Бандиќ е роден на 22 ноември 1955 година во Груде, Босна и Херцеговина, каде што завршил основно и средно училиште. Завршил Факултет за политички науки на Универзитетот во Загреб.

Поврзани содржини