Скопскиот градоначалник Петре Шилегов преку Фејсбук информира дека е позитивен на ковид-19.
– Почитувани, би сакал да ве известам дека и покрај сите мерки кои што се превземаа од моја страна за моја лична и заштита на луѓето околу мене, сепак не успеав да се себезаштитам од ковид 19. Искрено се надевам дека вирусот го немам пренесено никому. Денешното тестирање покажа позитивен резултат. Клиничката слика е добра, со благо покачена телесна температура и без потреба од хоспитализорање – напиша Шилегов и додаде дека ова е доказ дека вирусот не смее да се потцени и дека мора секој да внимава.