ШИЛЕГОВ ОСТАВИЛ ДОЛГ ОД 160 МИЛИОНИ ЕВРА Главниот град е пред банкрот?
Градот е до гуша во долгови, и затоа единствено виновен е Шилегов и СДСМ. Само по основ на идни обврска по склучени договори како доспоени и недоспеани обврски има 58.140.165 евра, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.
Од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, испратија известување до јавноста во кое тврдат дека бившиот градоначалник Петре Шилегов, за време на неговиот мандат, направил долг од речиси 160 милиони евра.
– Градот е до гуша во долгови, и затоа единствено виновен е Шилегов и СДСМ. Само по основ на идни обврска по склучени договори како доспоени и недоспеани обврски има 58.140.165 евра. Договорите кои ги склучил Шилегов не се единствениот проблем. Дополнително отпочнал постапки за склучување на договори по јавни набавки во висина од 11.377.052 евра. Раскалашеноста на Шилегов и СДСМ се гледа и по 7 договори за заем во висина од 32 милиони евра.
Вкупно по сите основи Шилегов на градот му оставил давачки во висина од 158.196.797 евра. Дополнително покрај сите овие долгови, Шилегов ги потрошил и парите од продажбата на градската куќа, за кои уште не знаеме каде завршиле – велат од ВМРО-ДПМНЕ.