Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, на својот „Фејсбук“ профил објави дека двата теста за ковид-19 се негативни.
– Вечерва ги добив резултатите од вториот тест на ковид-19. Како и вчерашниот и денешниот е негативен. И официјално, невидливиот противник е победен. Се гледаме од утре во секојдневните активности. Ви благодарам на сите за несебичната поддршка и убавите мисли и желби во изминативе 16-17 дена. Уште повеќе благодарам на оние кои и не баш имаа такви мисли и желби. Чувајте се, од утре заеднички продолжуваме – порача Шилегов.