Шилегов не верува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе со кандидат за скопски градоначалник подобар од него
Јас немам намера да се занимавам со ДПМНЕ, имам намера да се занимавам со Скопје и барањата на граѓаните.
Скопскиот градоначалник Петре Шилегов вели дека не го интересира кој ќе му биде противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ на претстојните локални избори. Тој во гостување на ТВ24 тој вели дека не верува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе со подобра понуда за скопски градоначалник од него.
– Јас најавив моја кандидатура за нов мандат како градоначалник. Во ред е да има и нови кандидати. Ќе оставиме да се заврши внатре во партијата целата постапка. Јас немам намера да се занимавам со ДПМНЕ, имам намера да се занимавам со Скопје и барањата на граѓаните. Сакам да дебатирам за градски политики. Она што мислам дека се случува во нашиот град е посериозен пристап за разлика од минатото. На терен решаваме проблеми што не се решавани 30 години. Тоа што порано само се зборувало, сега се реализира. Така како што ВМРО-ДПМНЕ ги претставуваат работите, лошо ги претставуваат. Легитимно е во олабавено ковид време да се користи прилика за разговор со граѓаните. Работам за интересите на граѓаните, не ме интересира противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ, ако е понудата подобра за Скопје, но кога се работи за таа политичка партија, не верувам- вели Петре Шилегов.