ШИЛЕГОВ НЕ МИСЛИ НА СКОПЈЕ, ТУКУ НА ЈАДЕЊЕ И ПИЕЊЕ Стоилковски тврди дека градоначалникот склучил договор за кафеана два дена пред изборите
Петре Шилегов не размислува на градот, туку Петре Шилегов веројатно размислува како да направи уште половина милион евра во следниот мандат, да доизгради уште некоја вила и тоа да го прослави со здравици по кафеани, сè тоа на буџетски трошок, сето тоа од ваш џеб, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Два дена пред изборите, скопскиот градоначалник Петре Шилегов склучил договор за кафеана, рече денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, приложувајќи им документ на граѓаните.
– Следниов документ ја открива суштината за Петре Шилегов, и што му е најважно од градоначалничката фотелја. Два дена пред изборите, Петре Шилегов склучува договор за кафеана. На 15.10 склучен, односно на два дена пред избори, склучен е договор со три фирми во вредност од 32.000 евра. Договор во директна спогодба за, во слободен речник, за кафеански услуги. 32.000 евра и тоа само за една година. Компаниите, познати скопски локали нема да ги споменувам, но ќе ги споменувам делови од договорот – рече Стоилковски.
Тој рече дека очекува одговори од Шилегов за неразумното богатење.
– Рамковниот договор е на еден милион и 700 илјади денари, со ДДВ – 2 милиони денари за кафеана за една година. Договорот започнува од 21 октомври, односно се реализира од вчера. Измени на оваа рамковна спогодба, односно поголема или пониска вредност може да се оди и до 20 отсто од договорот, односно на овие 32.000 евра планирани за Петре Шилегов да ги потроши во кафеаните низ Скопје, да се додадат уште 3.200 евра доколку оваа година му се погоди на Петре Шилегов. А, тука би додал дека фирмите – кафеаните се обврзале на 10 отсто, односно нудат од 10 до 15 попуст на менијата односно на услугите на јадењата и пијачките. Додека сите очекуваат одговори за неразумното богатење на Петре Шилегов, додека сите размислуваа и очекуваа одговори за луксузите на Шилегов, за дивоградбата во Карпош, за вилата на Маврово, за скапите џипови и коли кои што ги нема пријавено во Антикорупциска, тој размислувал за нов договор за кафеана – рече Стоилковски.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека ова не е црна кампања, туку е соочување со фактите за Шилегов кој на два дена пред избори потпишал договор од 32.000 евра кафеански услуги.
– Петре Шилегов не размислува на градот, туку Петре Шилегов веројатно размислува како да направи уште половина милион евра во следниот мандат, да доизгради уште некоја вила и тоа да го прослави со здравици по кафеани, сè тоа на буџетски трошок, сето тоа од ваш џеб. Ниеден инспектор досега, ниту институција не оди да ги провери наводите со кои што излегувавме секој ден. Затоа Петре смета дека може да размислува само на кафеана. Шилегов не мисли на Скопје, туку на јадење и пиење на буџетски трошок. Уште еднаш, нема полошо од СДСМ, за Скопје нема полошо од Шилегов – истакна Стоилковски.