Шилегов: Набрзо ќе зборуваме за отворање на градинките
Тој рече дека адаптирањето на градинките е во тек.
Откако владата ги донесе протоколите за работа на градинките, гадоначалникот на Скопје Петре Шилегов, денеска изјави дека очекува многу брзода сезборува за отворање на градинките.
Тој рече дека адаптирањето на градинките е во тек.
– Анкетите се во тек, во тек е и скринингот кој е една посериозна операција на вработените во детските градинки. Пропишани се протоколите, се адаптираат објектите на ниво на цела држава за да може на посоодветен начин согласно препораките и протоколите од Комисијата за заразни болести, да може дечињата да ги внесеме во системот за детска грижа без опасност за нивното здравје, здравјето на нивните родители и баби и дедовци. Тој процес по мој сознанија е при крај, очекувам дека во блиска иднина ќе можеме да зборуваме за згрижување на дечињата во детските градинки – рече Шилегов.