Шилегов на ТВ24: Ако немаме избори, тогаш да си ја вратиме политичката Влада
Тој истакна дека демократијата мора да продолжи да живее, а исто така предложи техничките министри и дополнителните министри на ВМРО-ДПМНЕ да се повлечат од функцијата и изборите да се одржат тогаш кога за тоа ќе има услови.
Ако сме се договориле да имаме техничка влада за организација на избори, а истовремено е невозможно да се одржат изборите, тогаш треба да си ја вратиме политичката Влада и Собранието, рече скопскиот градоначалник Петре Шилегов на денешното гостување на ТВ24.
Тој истакна дека демократијата мора да продолжи да живее, а исто така предложи техничките министри и дополнителните министри на ВМРО-ДПМНЕ да се повлечат од функцијата и изборите да се одржат тогаш кога за тоа ќе има услови.
– За жал, се наоѓаме во една меѓуситуација. Распуштено е Собранието, распишани беа избори, но нè зафати епидемијата со коронавирусот. Но, сега имаме две опции. Или да одиме на избори ако дозволува епидемиолошката слика, или, пак, да не одме на избори и да ја вратиме на сила политичката Влада. Во моментов имаме Влада која никој не ја контролира – истакна Шилегов.