Шилегов најави слободен Кеј, но на терен состојбата не е таква (ФОТО)

Градот нема да биде заложник на неколку локали од кои три се на еден човек. Разговарам со бизнис заедницата да се најде оптимално решение, но компромис околу слободен јавен простор и репрезентативност на Кејот не може да биде правен на штета на граѓаните - изјави Шилегов.

913

Во текот на вчерашниот ден на една од социјалните мрежи беше објавена фотографија на која се гледа дека голема метална конструкција се поставува на Кејот 13 Ноември.

Од фотографиите се гледа дека таа треба да служи како летна тераса во некој од угосителските објекти. Твитерџиите ги повикаа градоначалникот и градскиот портпарол да и објаснат на јавноста за што станува збор, но од градската администрација се уште молчат.






На почетокот на оваа година, градоначалникот Шилегов најави дека планирани со градежни работи за целосна реконструкција на Кејот 13 Ноември, со што ќе се реши хаосот и безредието кое владее на овој дел од центарот на градот.

Шилегов тогаш најави дека ќе се изврши демонтажа односно уривање на постоечките летни тераси на кафулињата кои се распослани по речиси целата ширина на кејот и повеќе наликуваат на објекти отколку на летни тераси.

 

– Кејот 13 Ноември е еден од најатрактивните јавни простори во нашиот град кој е сериозно девастиран како простор во кој владее целосен хаос и безредие. Немам намера тоа да го дозволам туку на скопјани ќе им дадам еден репрезентативен јавен простор по светски стандарди. Градот нема да биде заложник на неколку локали од кои три се на еден човек. Разговарам со бизнис заедницата да се најде оптимално решение, но компромис околу слободен јавен простор и репрезентативност на Кејот не може да биде правен на штета на граѓаните – изјави Шилегов.

Поврзани содржини