Шилегов најави дека повторно ќе се кандидира, Колариќ му порача: Да не се повториш!

887

Едноставно ќе речам, да не се повтори никогаш ист Петре Шилегов, на Фејсбук напиша Светлана Колариќ, советник во советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, по најавата на скопскиот градоначалник дека повторно ќе се кандидира.

„Пуцај бре Петре! Скопје ЕУ зелена престолнина 2050 мора да стане! Можеш ти! За само 3 години, гасификација на Скопје, трамвај, езеро Треска за бањање, зип лајн, верикална трева, смогот го претвори во озон, овошје за сите ученици, Универзална сала плус нова концертна сала, мементо парк, ваучери за пијаници, Скопје во гинисова книга на рекорди најголема елка без лампиони, паркирани коли на влез на Скопје, само велосипеди во централно градско подрачје, пешачка зона пред Собрание, нова автобуска под Трговски центар, платен паркинг на Водно, поскапа вода за пиење и полевање, повисоки сметки за паркинг, нови сметки за зеленило, 2.000 вработувања, нов забавен парк, тунел под Кале, Лајка ја изградија спонзори за 700.000 евра, шоферот си го унапреди во раководител и за 3 години смени 3 институции, за Дино Мерлин фрли 500.000 евра со сите придружни точки. Има уште дела, ќе ги наредам друг ден. Едноставно ќе речам, да не се повтори никогаш ист Петре Шилегов“, напиша Колариќ.






Поврзани содржини