Шилегов и Богдановиќ се пофалија со зеленило, а за ВМРО-ДПМНЕ тоа не се проекти туку обични жардињери

Изминатата 2020 година на овој потег се засадени вкупно 1.013 садници, односно 150 зимзелени, 28 листопадни, и 835 садници грмушки и перени.

513

Со засадување на дрворед од 58 висококвалитетни садници покрај булеварот „Гоце Делчев“ денеска градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Ардијан Муча, симболично ја почнаа пролетната сезона на садење за оваа година.

– Висококвалитетни дрва го формираат новиот дрворед на булеварот Гоце Делчев каде што во изминатиов период го обновивме нискостеблестото зеленило не само во средишната жардинјера, туку и страничното на површина од над 9.100 квадратни метри. Вие знаете дека во изминатиот период сериозно работевме на подобрување на квалитетот на зеленилото во градот, само високостеблести дрвја во периодов имаме засадено околу 18 илјади. Во изминативе три години обновивме над 260 квадратни метри зеленило, и минатата година го срушивме рекордот со изградба на преку 100. 000 квадратни метри на нови и обновени зелени површини. Во исто време паралелно на повеќе локации низ нашиот град се врши обновување на постојното зеленило, а се формира зеленило и на новите четири булевари – рече Шилегов.






На овој зелен коридор, од двете страни на коловозот и во средишното зеленило на булеварот „Гоце Делчев“, годинава ќе се засадат вкупно 571 садници, од кои зимзелени се 75, листопадни 28, а 468 садници грмушки. Изминатата 2020 година на овој потег се засадени вкупно 1.013 садници, односно 150 зимзелени, 28 листопадни, и 835 садници грмушки и перени.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираше велејќи дека Шилегов и Богдановиќ промовираа жардињери, наместо булевари и капитални проекти, при што ги потсетија локалните власти на Скопје и Центар на неколку неостварени ветувања.

– На само 200 метри од местото каде промовираа жардињери и трева се наоѓа објектот дивиградба кој никој не смее да го спомне. Но и местото каде требаше да има нова раскрсница на повеќе нивоа. На само 500 метри од местото на кое денес беше Шилегов е тврдината Кале, каде требаше да има тунел, а кој го нема – стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини