Шилегов: Ги охрабрувам локалните власти, заедно да влеземе во борба против дивоградбите

360

Градоначалникот на градот, Петре Шилегов го поздрави денешното рушењето на дивоградбата на ТЦ Мавровка во Скопје и овој потег, како што рече, треба да ги охрабри локалните власти да влезат во борба против дивата градба.

– Уште еднаш ќе кажам дека градот нема ингеренции да интервенира за дивоградбата кај Мавровка. Со нејзиното рушење, убеден сум дека граѓаните ќе го видат владеењето на правото. Ги охрабрувам и локалните власти, заедно да влеземе во борба против дивоградбите – истакна Шилегов.

Поврзани содржини