Шилегов ќе вработи 23 службеници со плата до 32.887 денари

Најголем дел од новите вработувања се со високо образование.

764

Град Скопје распиша оглас за прием на 23 службеници во скоро сите оддели од работењето. Главно се помлади соработници или самостојни референти и инспектори, но има и раководители на сектори. Платите што ќе ги добиваат се движат од 16.495 до 32.887 денари.

Огласот е објавен на страницата на Агенцијата за јавна администрација.






Најголемиот дел од лицата кои се бараат се со високо образование од  правни, економски, технички струки веб дизјанери, дизјанери на софтвери, туризам и угостителство и образовните струки.Според етничката припадност 15 се Македонци, 5 Албанци и по еден Србин, Ром и Влав.

Во условите се предвидени и познавање на еден странски јазик од трите јазици кои се говорат во Европската унија и одредено работно искуство.

Според огласот се вработуваат три помлади соработници за утврдување и наплата на такси и други надоместоци, виш соработник за прописи, двајца самостојни референти за геодетски работи, виш соработник за аналитика на јавен превоз. двајца виши соработници за средно образование, раководител на Одделение за заштита и спречување од загадување на водата и почвата,  советник за спроведување активности од областа на изградба и функционирање на пречистителни станици, советник за издавање Б – интегрирани еколошки дозволи, советник-дизајнер на софтверски апликации, соработник WEB -дизајнер, самостоен референт за техничка документација, помлад соработник за канцелариско и архивско работење, помошник раководител на сектор за јавни набавки. двајца помлади инспектори за наплата на комунални и други такси, двајца соработници за административна поддршка и двајца помлади соработници – внатрешен ревизор на јавните установи основани од Град Скопје.

Огласот трае до 5 април годинава.

Поврзани содржини