ШИФРИН КАКО СТЕНМАРК Американката испиша нова страница во алпското скијање

За неа ова беше 47-ма победа, со што постави рекорд за најмногу триумфи во една дисциплина на Светскиот куп. Досегашен рекордер беше легендарниот Швеѓанец Ингемар Стенмарк, кој победи 46 пати во велеслалом.

295

Американската скијачка Микаела Шифрин синоќа победи во слаломот од Светскиот куп одржан во австриски Шладминг.

За неа ова беше 47-ма победа, со што постави рекорд за најмногу триумфи во една дисциплина на Светскиот куп. Досегашен рекордер беше легендарниот Швеѓанец Ингемар Стенмарк, кој победи 46 пати во велеслалом.






Шифрин двете трки во Шладминг ги заврши со вкупно време 1.32.66 минута. Втора беше Петра Влхова (Словачка) со заостанување од 15 стотинки зад победничката. Трето време и место на победничкито подиум си обезбеди Лена Дуер (Германија) која двете трки ги заврши за 1:33.59 минута.

Во Генералниот пласман води Шифрин со 966 бодови, пред Влхова која има 911, трета е Софија Гоџа од Италија со 657.

Поврзани содржини