Шидер: Изборите законски во почетокот на јули, партиите да се договорат за куса и фер кампања
Северна Македонија ја прекина вонредната состојба. Тоа значи враќање кон парламентарата легитимност и граѓаните да одлучат за иднината. Според законот, изборите мора да се одржат во почетокот на јули, напиша Шидер на Твитер.
Австрискиот европратеник Андреас Шидер објави на Твитер дека изборите во земјава законски мора да се одржат во почетокот на јули.
– Северна Македонија ја прекина вонредната состојба. Тоа значи враќање кон парламентарата легитимност и граѓаните да одлучат за иднината. Според законот, изборите мора да се одржат во почетокот на јули, напиша Шидер на Твитер.
Натаму тој во друга објава наведува дека одржувањето на изборите е неопходен следен чекор.
– Одржувањето на изборите (под строги хигиенски стандарди) е неопходен следен чекор. Датумот е одреден согласно законот. Сите партии да се договорат за куса и фер изборна кампања. Тактички препукувања за датуми итн., се штетни за демократијата, наведува Шидер на својот Твитер профил.