Шевченко: Нема да ни биде лесно против Македонија, видовте што ѝ се случи на Германија
Македонија има многу добра екипа. Го потврдија тоа и низ квалификациите на патот до ова Европско првенство, но и видовте што им се случи на Германците на последниот квалификациски меч за СП 2022, истакна селекторот на Украина, Андриј Шевченко.
Селекторот на Украина, Андриј Шевченко, вели дека неговите фудбалери нема да ја потценат Македонија, потенцирајќи дека „црвено-жолтите“ се квалитетна селекција.
– Македонија има многу добра екипа. Го потврдија тоа и низ квалификациите на патот до ова Европско првенство, но и видовте што им се случи на Германците на последниот квалификациски меч за СП 2022. Оваа селекција никако не смее да се отпише од битката за место во следната рунда, бидејќи има многу квалитетни фудбалери кои можат да одиграат добар меч. Нашата цел е јасна – да се пласираме во нокаут-фазата, но знаеме дека нема да биде лесно. Во нашата група има еден главен фаворит – Холандија, но тука е и Австрија, уште една репрезентација што игра квалитетен фудбал – истакна Шевченко.