Шетачот на кучиња на Леди Гага раскажува за нападот во кој беше ранет ФОТО

1,317

Рајан Фишер, шетачот на кучиња на пејачката Леди Гага, се огласи на Инстаграм од болницата каде закрепнува откако беше застрелан минатата недела.

„Пред четири дена, додека автомобилот заминуваше и крвата течеше од мојата прострелна рана, ангел дошета и легна покрај мене. Ги смири моите панични врисоци додека го гледав, иако сфатив крвта во која лежеше беше моја“, напиша Рајан во објавата покрај фотографијата на која лежи во болнички кревет.






„Ја гушнав Азија колку што можев, ѝ се заблагодарив за сите неверојатни авантури низ кои поминавме, се извинив што не можев да ги одбранам нејзините браќа и тогаш заклучив дека сепак ќе се обидам да ги спаса … и себеси“, додаде Рајан, зборувајќи за третото куче на Леди Гага, Азија, кое успеа да го одбрани од киднаперите.

Тој исто така им се заблагодари на сите што се грижеле за него за време на заздравувањето, на болничарите кои први дошле на местото на злосторството, на семејството и на Леди Гага.

„Твоите бебиња се вратија и семејството е целосно… Успеавме! Ти покажа огромна поддршка на моето семејство и мене во текот на целата оваа криза. Те сакам и ти благодарам“, ѝ напиша Рајан на Гага, која во моментов е во Рим поради снимање филм.

Да потсетиме, минатата недела двајца сторители ги киднапираа двата француски булдога на Леди Гага, Који и Густав, и со четири истрели го ранија нивниот шетач Рајан. Леди Гага понуди половина милион долари на секој што ќе ѝ ги врати кучињата, а кучињата беа пронајдени неколку дена подоцна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Valley of the Dogs (@valleyofthedogs)

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Valley of the Dogs (@valleyofthedogs)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини