„ШЕТААТ СО НАЦИ ОЗНАКИ НИЗ УКРАИНА“ Словачкиот премиер Фицо го навлече бесот на Киев

Меѓународната заедница мора да признае дека е невозможно да се дозволи во Украина да се борат трупи кои користат нацистички ознаки и кои често се однесуваат во согласност со тоа, рече словачкиот премиер Роберт Фицо.

954

Изјава на словачкиот премиер Роберт Фицо за „нацистичките ознаки на трупи во Украина“ го навлече бесот на Киев. Контроверзниот Фицо кој оваа година преживеа атентат е познат по своите силни изјави. При посетата на Музејот на Холокаустот во словачкиот град Серед тој рече:

– Сите зборуваме за фашизмот, нацизмот, а истовремено молчејќи го толерираме тоа што низ Украина итаат трупи кои имаат многу опасни ознаки, поврзани со проекти кои денес ги сметаме за опасни и забранети. Бидејќи ова е геополитичка битка, тие никому не пречат.






Фицо истакна дека светот е полн со лаги бидејќи, како што наведе, „од една страна меѓународната заедница зборува за злосторства, а од друга сè повеќе прави компромиси кои ја навредуваат позицијата на жртвите на холокаустот и расното насилство“.

 

– Меѓународната заедница мора да признае дека е невозможно да се дозволи во Украина да се борат трупи кои користат нацистички ознаки и кои често се однесуваат во согласност со тоа – додаде словачкиот премиер.

За украинскиото Министерство за надворешни работи изјавата на Фицо е разочарувачка и „се коси со постоечкото ниво на доверба и соработка меѓу Украина и Словачка“. Украинското МНР оценува дека украинските војници во моментов ги бранат своите блиски, домовите и земјата, „како и цела Европа и слободниот свет од руските освојувачи, означени со буквата „Z“, симболот, како што велат, „на фашистичката естетика на современа Русија“.

„За Украинците спротивставувањето на руската агресија е продолжување на историјата на отпорот на нашиот народ на тоталитарните режими во минатиот век“, се истакнува во соопштението на украинското МНР.

Поврзани содржини