ШЕСТМИНА ПРЕТЕПАЛЕ ЧОВЕК ДО СМРТ, ПРЕД НЕГОВИОТ СИН Наводно, кавгата избила поради музиката

Убиениот маж во Младеновац е познат како Дуле Пежо, затоа што во тоа место држел автосервис.

1,925

Маж на возраст од 47 години почина откако во кафеана во српскиот град Младеновац, каде седел со својот син, го нападнале и го натепале шест возрасни мажи од засега непознати причини, јавуваат српски медиуми.

Шесте лица се уапсени под сомнение дека околу 23 часот во ресторанот „Панорама“ во Младеновац до смрт го претепале Душан А.(47).






Се испитуваат мотивите за конфликтот меѓу луѓето. Според некои медиуми кавгата избила поради музиката.

Брутално претепаниот маж починал еден час по нападот од удар во главата. Наводно, еден од напаѓачите го удирал со шише.

Убиениот маж во Младеновац е познат како Дуле Пежо, затоа што во тоа место држел автосервис.

Осомничените во полиција ќе бидат задржани до 48 часа. Полицијата и обвинителството ги истражуваат сите околности за страшниот напад, јавуват српски медиуми.

Фото: Принтскрин
Поврзани содржини