Единаесет лица се ставени во самоизоалција од кои шестмина од Министерството за здравство откако имале контакт со вработениот во Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
Направена е епидемиолошка анкета, по што тројца административни работници од Инспекторатот и еден инспектор се ставени во самоизолација.
Лицето кое е позитивно на вирусот имало контакт и со шест лица од Министерството за здравство, како и со едно лице од Инфо центарот „Мој термин“, кои, исто така, се во самоизолација.
Во Државниот санитарен инспекторат административен работник е потврден позитивен на ковид-19.