📽 ШЕСТМЕТАРСКИ БРАНОВИ ГО ПОПЛАВИЈА СОЧИ Половина милион жители на Крим останаа без струја

На социјалните мрежи се шпекулира дека брановите однеле ровови од фронтот кои ги ископале Русите во Евпаторија заедно со објекти за стрелање и инженерски згради.

1,646

Првите катови на зградите покрај Црното Море во градот Сочи се поплавуваат. Шестметарски бранови го зафатија крајбрежјето од Одеса преку Крим па сѐ до Сочи соборувајќи дрвја. Ветрот шиба со 130 километри на час Речиси половина милион жители на Крим останаа без струја, а во невремето исчезнало едно лице, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.

 






Службите од министерството цела ноќ евакуирале луѓе од поплавените куќи. Возовите доцнеа, а во еден момент беше затворен и аеродромот.

 

На социјалните мрежи се шпекулира дека брановите однеле ровови од фронтот кои ги ископале Русите во Евпаторија заедно со објекти за стрелање и инженерски згради.

 

 

Поврзани содржини