ШЕСТИ ДЕН ГОРИ МАРИОВО Повеќе од 200 професионалци се борат со пожарот

На располагање во вкупните сили денеска се 100 припадници на АРМ, 30 од специјалната единица на полицијата, 30 луѓе од ЈП „Национални шуми“ , пожарникари од повеќе градови и секако, месното население.

77

Шести ден не стивнува пожарот во Мариово, а огнената линија која зафаќа повеќе од 30 километри, не се намалува. Повеќе од 200 професионалци работат на тоа пожарот да не ги зафати населените места и објектите. Од прилепскиот кризен штаб уверуваат дека се надминати опасностите за селото Крушевица и за манастирот „Свети Никола“ во Прилепец.

Ирена Стерјоска Локвенец, началник на прилепскиот кризен штаб, информираше дека одбраната од пожарот најмногу е концентрирана околу Крушевица, кон селото Дуже, над селото Прилепец, а кај селото Селце го чуваат манастирот „Свети Димитрија“.






– Тимовите работат интензивно кај Дрен и Смолани за пожарот да не се прошири во кавадаречкиот регион. На располагање во вкупните сили денеска се 100 припадници на АРМ, 30 од специјалната единица на полицијата, 30 луѓе од ЈП „Национални шуми“ , пожарникари од повеќе градови и секако, месното население. Голема благодарност до сите кои вчера излегоа во голем број и успеавме да ги зачуваме објектите и да ги локализираме жариштата што беа активни. Во овој момент, потенцирам, нема опасност за верските објекти и нема простор за загриженост – подвлече таа.

Горат, главно, трева и нискостеблести растенија, а интервенираат и два авиона.

Поврзани содржини