Шестгодишно момче од Израел пронашло предмет стар 3.500 години ФОТО

Како што пишуваат светските медиуми, на плочката бил прикажан војник кој турка гол заробеник, чии раце се врзани на грбот.

1,140

Додека бил на излет со своите родители, 6-годишниот Емри Елија од Израел пронашол глинена плочка стара 3.500 години, а археолозите ја сметаат за единствена во светот.

Детето сосема случајно ја пронашло малата правоаголна почка на која биле изрезбани два лика.






Предметот веднаш бил предаден на проценка кај експертите.

Како што пишуваат светските медиуми, на плочката бил прикажан војник кој турка гол заробеник, чии раце се врзани на грбот. Како што истакнале експертите, уметникот сакал да го прикаже понижувањето на заробеникот.

Израелците велат дека ова ново откритие значително ќе придонесе кон нивното досегашно истражување за канаанскиот народ.

Инаку, Канаанците биле народ кој се спомнува во Стариот завет. Голем дел од нивната земја наречена Канаан, подоцна станал познат под името Израел.

Канаанците го населиле тој дел околу 2.000 години пред Христос.

Поврзани содржини