Шестгодишно девојче од Тетово загина во сообраќајка
Во девојчето удрил автомобил „фолксваген голф“ управуван од 30-годишник од село Фалише.
Шестгодишно девојче од Тетово го изгуби животот откако како пешак било удрено од возило околу 18 часот на булеварот „Видео Смилевски-Бато” во Тетово, информира Тетовската полиција. Во девојчето удрил автомобил „фолксваген голф“ управуван од 30-годишник од село Фалише.
– Од удирарот девојчето добило тешки телесни повреди од кои по пренесувањето во Тетовската клиничка болница подлегнало. Возачот учесник во несреќата е обезбеден за понатамошната постапка – информира портпаролот Марјан Јосифоски.
Во тек е увид што го води јавен обвинител, а учествува и екипа од СВР Тетово.