ШЕСТ ЗЕМЈИ КОИ Е НЕВОЗМОЖНО ДА ГИ ОКУПИРАТЕ Русија, Авганистан, Кина, Индија, Северна Кореја и Канада (ВИДЕО)

Најголемата по површина земја во светот се простира во 11 временски зони и на два континенти. Ако некој ја освојува, ќе се загуби во времето и во просторот. Пристапот од север е невозможен, а од запад веќе „се изгорија“ Наполеон во 19-тиот и Хитлер во 20 век. И двата водачи не можеа да ја издржат руската зима.

863

Постојат неколку земји во светот кои никогаш не би можеле да бидат окупирани. Тоа не е само поради тоа што имаат нуклеарни ракети или голема и силна војска, но и поради непристапноста на нивниот терен, нивната географија и други поединости. Јутјуб-видео ги анализира вашите шанси да ги освоите Русија, Индија, Авганистан, Северна Кореја, Кина или Канада.






Авганистан

Познато е дека САД стигна во Авганистан со авиони и тоа не е случајност. Земјата е опколена со непристапен пустински терен кој добро го знаат само локалните жители. Во 19 век Велиа Британија и Русија исто така не успеаја да го окупираат Авганистан. Пустините се неверојатно жешки, а има и ивисоки планини. Другата причина зошто Авганистанците никогаш не би се сложиле на окупација и ќе се борат во тој случај, без разлика што внатре дома се раскарани и поделени на повеќе етнички групи и религии.

Кина

Фактот што Кина има 1,4 милијарди луѓе, значи дека секој од нив потенцијално може да биде мобилизиран, ако владата се посвети да произведе оружје за сите жители. Бидејќи кинеската влада е режимска, таа нема да има никаква опозиција да ја спречи да донесе одлука за произведување на оружјето. Странските окупатори кои би влегле во густонаселените кинески градови ќе бидат успорени само од масата луѓе, без разлика што тие луѓе не се воено тренирани.

Настрана од ова, Кина има многу променлива географија и терен, кој вклучува и пустини. Кина исто така има 350 нуклеарни ракети распоредени на своите граници.

Русија

Најголемата по површина земја во светот се простира во 11 временски зони и на два континенти. Ако некој ја освојува, ќе се загуби во времето и во просторот. Пристапот од север е невозможен, а од запад веќе „се изгорија“ Наполеон во 19-тиот и Хитлер во 20 век. И двата водачи не можеа да ја издржат руската зима. Рускиот народ е храбар и храбро се бореше во Втората светска војна. Но, има и друго сценарио. Русите би можеле да бегаат повнатре во земјата на исток, претходно спалувајќи ги своите домови и згради за окупаторите да немаат каде да престојуваат кога ќе залади. Русија има 1 милион активни војници, а уште 2 милиона резервисти. По бројот на нуклеарни боеви глави земјата е веднаш по САД, со 1.600 и уште неколку илјади во резерва.

Индија

Невозможно е да влезете од Индија преку Хималаите, а друга е опција преку Кина или преку Индискиот океан. На исток од земјата има пустини, а на запад џунгли. Најразумно би било да се нападне од морето, но Индија има одлична морнарица, нуклеарни подморници и еден носач за авиони. Индијците имаат 150 бродови и 300 авиони за вакви случаи. Индија исто така има 1,4 милијарди жители и 160 нуклеарни ракети, а има развиено добра воена стратегија бидејќи очекува дека еден може да биде нападната и од Кина и од Пакистан.

Северна Кореја

Освен што Ким Јонг-Ун ќе направи сè за да победи, па дури и да ги убие своите граѓани, Северна Кореја ја има втората најбројна армија во светот, со 700.000 војници и наад 4,5 милиони резервисти. Северна Кореја има 4.200 тенови, 458 борбени авиони, 750 бродови и меѓу 30 и 40 нуклеарни боеви глави. Но, дури и некој да успее да се избори со оваа војска, многу е веројатно дека на Северна Кореја ќе ѝ помогне Кина, бидејќи двете земји имаат посебна соработка.

Канада

Канаѓаните имаат репутација за фини луѓе, но окупирањето на оваа земја би морало да оди преку САД бидејќи практично е невозможно да стигнете преку суровите ладни планински региони на Алјска или преку Гренланд. Јутјуб-видеото тврди дека САД во моментов ја имаат најголемата војска во светот, што значи би било невозможно да се окупираат САД и Канада истовремено.

Канада исто така е втора по површина во светот по Русија.

Поврзани содржини