Шест полицајци за да не платат патарина користеле „флешери“ и легитимации 

555

Изречени се 32 глоби за неплаќање патарина, а шест полициски службеници поминале наплатна станица без да платат, со злоупотреба на т.н „флешери“ и службена легитимација, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Глобите се изречени при засилената контрола за санкционирање на евентуални злоупотреби при наплатата на патарина на автопатиштата и неовластена употреба на т.н. „флешери“, што била извршена завчера и вчера од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, Државниот инспекторат за транспорт и Мобилната единица за безбедност во сообраќајот.






Од МВР најавија дека против полициските службеници покрај изречена глоба ќе бидат преземени мерки и од страна на Одделот за внатрешна контрола.

Поврзани содржини