Шест починати и 129 новозаболени од ковид-19 во земјава
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 109 оздравени пациенти
Министерот за здравство, Венко Филипче на својот Фејсбук профил информираше дека во последните 24 часа од коронавирус во Македонија починале шест лица, а потврдени се 129 нови случаи.
Според информациите направени се 1.535 тестирања, а најголем број нови случаи се од Скопје – 45 и од Штип – 25, додека во Куманово има 7, Дебар – 1, Прилеп – 4, Тетово – 9, Струга – 5, Битола – 6, Охрид – 3, Кавадарци – 1, Гостивар – 9, Кочани – 3, Демир Хисар – 1, Делчево – 1, Свети Николе – 3 и Кичево – 6.
Починати се шест лица, пет пациенти од Скопје и еден од Струга.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 109 оздравени пациенти
Досега во земјата се направени вкупно 92.550 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9.797, бројката на оздравени пациенти е 5.254, на починати е 451, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.092.