Шест нови обвиненија против Вајнстин, му се заканува доживотен затвор

582

Филмскиот магнат Харви Вајнстин се соочува со уште шест нови обвиненија за сексуални напади извршени во Лос Анџелес помеѓу 2004 и 2010 година.

Холивудскиот продуцент, кој издржува 23-годишна затворска казна за силување на неколку жени, може да биде осуден на доживотен затвор заради сексуален напад. Во новите обвиненија, тој се товари за три силувања и три принуди на орален секс кои, како што се наведува во обвинението, се случиле на Беверли Хилс во период од шест години, пишува „Мирор“.






Првото обвинение за силување е поврзано со една од четирите познати жртви на Вајнстин, а тоа наводно се случило во периодот помеѓу септември 2004 година и септември 2005 година. Другите кривични пријави се однесуваат на новата, петта жртва, која го обвинува за силување во два наврата, помеѓу ноември 2009 година и ноември 2010 година.

Филмскиот продуцент прво беше обвинет за силување на една жена и сексуално злоставување на друга. Ова се одделни инциденти од 2013 година. Обвинителството во Лос Анџелес потоа го прошири случајот и го обвини за сексуално злоставување на уште една жена во хотел во мај 2010 година. Потоа, следуваа нови обвиненија. Ако биде осуден по сите 11 точки од обвинението со кое се соочува моментално, на Вајнстин му се заканува затворска казна од дури 140 години, рече окружниот обвинител од Калифорнија.

 

Поврзани содржини