ШЕСТ ЛИЦА ПОЧИНАА ОД КОВИД-19 Во земјава се регистрирани 246 нови случаи, додека 547 лица го победија коронавирусот
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 225.730, бројот на оздравени пациенти е 212.927, на починати е 7.975, а бројот на активни случаи изнесува 4.828.
Во последните 24 часа регистрирани се 246 нови случаи на ковид-19, шест лица ја загубија битката со коронавирусот, додека 547 пациенти се водат како оздравени.
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа дека се направени се 4.072 тестирања, а регистрирани се 246 нови случаи на ковид-19 од кои Скопје – 145, Струмица – 16, Прилеп – 14, Штип, Охрид и Битола – по 12, Кавадарци – 10, Неготино – 4, Струга, Гевгелија и Куманово – по 3, Велес и Ресен – по 2, Кичево, Гостивар, Валандово, Радовиш, Тетово, Демир Хисар, Кратово и Македонски Брод – по 1.
Регистрирани сe 547 оздравени пациенти од Скопје – 299, Битола – 47, Прилеп – 39, Струмица – 19, Кавадарци и Охрид – по 18, Куманово и Велес – по 15, Штип – 12, Ресен – 8, Кочани и Гевгелија – по 7, Свети Николе – 6, Кичево, Струга, Неготино, Крива Паланка и Демир Хисар – по 5, Делчево – 4, Тетово и Валандово – по 3, Богданци и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 3 починати лица: Две починати лица од Скопје (63 и 86), и едно починато лице од Струмица (53). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се 3 починати лица, по едно лице од Скопје (86), Тетово (78) и од Кичево (68). Од пријавените лица, 2 од нив се починати во болнички, а едно лице во домашни услови.
Направени се 4.072 тестови преку: ИЈЗ-93, ЦЈЗ Скопје-54, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-67, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–162, Жан Митрев (Филип Втори)-128, Авицена-0, Биотек-0, Систина-74, лабораторија Лаор-425, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност-57, Генеа-0, Никоб лаб-509, ВФВ Медикал-199, Ели Медика-56, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-1, Рапид Лаб–2, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.245.
Досега во земјата се направени вкупно 1.608.232 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 225.730, бројот на оздравени пациенти е 212.927, на починати е 7.975, а бројот на активни случаи изнесува 4.828.