Шест кривични пријави поради непочитување на самоизолацијата

340

Според информациите кои ги објави Mинистерството за внатрешни работи, поднесени се кривични пријави за шест лица, од кои двајца од Прилеп, еден од Штип и тројца од квадаречко.

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Д.К.(35) од Прилеп и против С.Л.(24) од село Житоше, општина Долнени, додека СВР Штип против В.Н.(32) од село Звегор, делчевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.






На 17.03.2020 пријавениот Д.К. допатувал од ризична земја на граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, каде што потпишал изјава дека ќе ги почитува мерките и препораките за спречување на пренесување на коронавирусот и добил наредба за самоизолација во неговиот дом во времетраење од 14 дена. На 19.03.2020, при проверки на полициски службеници, соопшти денеска МВР, пријавениот не бил пронајден во неговиот дом на ул.,,Пере Тошев“.

С.Л.(24) од село Житоше, општина Долнени, на 17.03.2020 допатувал од ризична земја на граничен премин ,,Деве Баир“, каде потпишал изјава и добил наредба за самоизолација во неговиот дом во времетраење од 14 ден, но на 19.03.2020, при проверки на полициски службеници, пријавениот не бил пронајден во неговиот дом, односно не се придржувал на изречените мерки за самоизолација.

СВР Штип поднесе кривична пријава против В.Н.(32) од село Звегор, делчевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 17.03.2020 во 04.20 часот на Граничен премин „Деве Баир”, тој остварил допатувал од Р.Словенија, поради што потпишал изјава за самоизолација од 14 дена и примил писмена наредба од Министерството за здравство. При проверка во неговиот дом во село Звегор, од полициски службеници било констатирано дека пријавениот не се придржувал на изречените мерки и не постапил согласно препораките на Министерство за здравство.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против три лица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

На 19.03.2020, при проверка од полициски службеници било констатирано дека Г.В.(42) од кавадаречкото село Возарци, иако на 18.03.2020 потпишал изјава за самоизолација од 14 дена и примил писмена наредба издадена од Министерството за здравство, тој не се придржувал на изречените мерки за самоизолација.

Како што соопштија од МВР, поднесена е кривична пријава и против Б.С.(45) од село Сирково, општина Росоман, затоа што на 19.03.2020, при проверка од полициски службеници, било констатирано дека пријавениот, иако на 18.03.2020 потпишал изјава за самоизолација од 14 дена и примил писмена наредба од Министерството за здравство, тој не се придржувал на изречените мерки за самоизолација.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против и А.Н.(47) од село Сопот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 18.03.2020 во село Сопот, при проверка од полициски службеници во домот на пријавениот, било констатирано дека иако на 17.03.2020 потпишал изјава за самоизолација од 14 дена и примил писмена наредба од Министерството за здравство, тој не се придржувал на изречените мерки за самоизолација.

Поврзани содржини