Српската пејачка Ивана Петерс која е дел од групата „Негатив“, проговори за еден од најтешките периоди во својот живот – кога доживеа срцев удар среде снимање емисија.
За среќа, пејачката, која е позната по своите раскошни вокални способности, денес се чувствува добро, но како што вели – „никогаш повеќе иста“.
Таа на социјалната мрежа Инстаграм, сподели фотографија под која што напиша емотивна порака:
„Шест години од инфарктот. Колку бев слаба и силна во исто време. Никогаш повеќе иста… Претпоставувам дека така оди тоа. А, и бев како манекенка, извесно време потоа (смеење), Љубов за сите коишто беа покрај мене, на моите, а и на сите пријатели кои искрено се загрижија и ми праќаа позитивни мисли“, напишала Ивана во својата објава на социјалната мрежа Инстаграм.
Пејачката потоа објаснила како настанале фотогафиите, кои, во склоп на тој текст, ги објавила.
„Првите две фотографии се од снимањето на емисијата на РТС, направени половина час пред непријатниот настан. Шнајдерите и костимографите – мојата прва помош. Другите се непосредно по излегувањето од болницата“, напишала Петерс.
Инаку, пејачката и претходно за медиумите зборуваше за тоа како се чувствувала кога животот ѝ го нанел тој тежок удар.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм