ШЕСТ ГОДИНИ НЕПРЕБОЛ ЗА ДЕЈВИД БОУВИ Поштенска марка со неговиот лик осамна во Германија
Поштенската марка ќе чини 85 центи и ќе биде пуштена во продажба на 3 јануари. На неа ќе биде испечатена фотографија од Боуви со неговата гитара од 1984 година. Покрај тоа, од 7 јануари ќе бидат достапни и два специјални комплета со фотографии од познатиот музичар, кои ќе бидат во ограничен тираж – по 5.000 примероци.
Дејвид Боуви, британскиот музички гигант почина на 10 јануари 2016 година откако го издаде својот загадочен албум Blackstar. Тогаш астрономите именуваа едно соѕвездие по неговата песна „Стармен“, или Ѕвездочовек. Годинава пак, истовремено се прославуваат 75 години од неговото раѓање, а „Дојче Пост“ издаде поштенска маркичка со неговиот лик.
Поштенската марка ќе чини 85 центи и ќе биде пуштена во продажба на 3 јануари. На неа ќе биде испечатена фотографија од Боуви со неговата гитара од 1984 година. Покрај тоа, од 7 јануари ќе бидат достапни и два специјални комплета со фотографии од познатиот музичар, кои ќе бидат во ограничен тираж – по 5.000 примероци.
Британскиот кантавтор Дејвид Боуви почина на 10 јануари 2016 година на 69-годишна возраст по долго боледување. Во текот на својата кариера, тој има продадено над 136 милиони плочи и е меѓу десетте најуспешни уметници во историјата на популарната музика во Велика Британија. Во 2004 година, списанието „Ролинг Стоун“ го рангираше Боуви на 39-то место меѓу „100-те најголеми рок изведувачи на сите времиња“ и на 23-то место меѓу „100-те најдобри вокалисти на сите времиња“.