Шест африкански држави добија предупредување по појавата на ебола

Харис посочи дека властите идентификувале речиси 300 контакти со заразени со ебола во ДР Конго и околу 110 во Гвинеја.

224

Светска здравствена организација денеска упати предупредување до шест африкански држави да бидат внимателни поради појавата на ебола во Гвинеја и во Демократска Републиак Конго.

– Веќе предупредивме шест околни држави, вклучително и Сиера Леоне и Либерија и тие брзо се подготвуваат и ги испитуваат потенцијалните инфекции – истакна портпаролката на СЗО, Маргарет Харис.






Но, таа не ги именува другите држави.

Харис посочи дека властите идентификувале речиси 300 контакти со заразени со ебола во ДР Конго и околу 110 во Гвинеја.

ДР Конго пријави избивање на болеста на 7 февруари, додека Гвинеја на 14 февруари пријави појава на болеста во југоисточниот дел на земјата.

– Не знаеме дали ова е последица на вирусот на ебола што опстојал кај луѓето или повторно имало трансмисија од животни – посочи Харис при тоа додавајќи дека се спроведува генетското секвенцирање за да се утврди потеклото на вирусот.

Во текот на последната епидемија на ебола во Западна Африка (2014 – 2016) во Гвинеја, во Либерија и во Сиера Леоне беа регистрирани 28.000 пациенти од кои 11.310 починаа. Минатата година во источниот дел на ДР Конго од ебола починаа 2.299 луѓе.

Поврзани содржини