Актерката Шерон Стоун (63) важи за една од најсексапилните, но и најпаметните дами во Холивуд. Освен по својот остар јазик, позната е и по тоа што го одржува телото во совршена состојба.
Таа неодамна ги сподели своите правила за вита фигура и затегнато лице, но, сепак, молчеше за еден важен факт – љубовта.
Имено, се шпекулира дека таа е во врска со младиот рапер РМР со месеци, кој има 25 години, а чиј имиџ е малку бизарен. Тој се појавува во јавност со маска за скијање на лицето и забите обложени со златни навлаки.
Гласините дека се во врска ги разгоре и последната фотографија на која раперот ја прегрнува Шарон. Двојката танцувала на хип-хоп ритамот на концерт на раперот Дрејк, пиеле коктели, а РМР изјавил дека смета дека Шерон е „неверојатно кул“.
– Засега им одговара да се дружат на овој начин. Тие излегуваат заедно и одлично се забавуваат – вели извор близок до парот.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм