Шерон Стоун се соблече во минијатурно бикини и покажа каква тело има на 62 години ФОТО

1,825

Со филмовите на Шерон Стоун пораснаа генерации, а холивудската актерка многумина ја прозваа за една од најфаталните жени во светот.

Иако чекори во седмата деценија на животот, на актерката и завидуваат и многу помладите колешки.






Покрај филмовите, Стоун е едно од најпосакуваните лица на насловните страни на светски познатите списанија како „Вог“ и „Харпер’с базар“.

Оваа убава Американка може да се пофали со коифициент на интелигенција 154, што ја рангира во 0,1 отсто од човештвото и меѓу вистинските генијалци, а покрај брилијантниот мозок, Стоун може да се пофали и со иста таква фигура.

Актерката на својот инстаграм-профил објавила фотографија каде се одмара покрај базенот во минијатурно бикини, а се пошегувала и со ставање метална кацига на главата и во описот на фотографијата напишала дека тоа и го држи умот во место.

Поврзани содржини