Актерката Шерон Стоун гостувала виртуелно во емисијата „Шоуто на Дру Баримор“ (The Drew Barrymore Show) на колешката, а таму раскажала бројни детали од нејзиниот живот.
– Завршив со забавувањето… Затоа што сметам дека луѓето се неискрени и не се вредни за моето време. Јас повеќе уживам во мојата самотија и времето кое го поминувам со моите деца и моите пријатели – рекла Шерон и продолжила:
– Мислам дека не ми треба уште едно дете. Не сакам никаква неискреност и никакви глупости – истакнала актерката.
Шерон навела и дека не чувствува дека „мажите се на исто место каде што се жените денес“:
– Чувствувам дека мажите кои ги среќавам се многу добри машки пријатели, но чувствувам кога ќе дојде до емоционалната зрелост во врските, мажите и жените се наизглед на различни места – раскажала актерката.
Погледнете го видеото: