Иако е во седмата деценија од животот, холивудската актерка Шерон Стоун многумина сè уште ја сметаат за секс-симбол. Како гледа на тоа, открила во интервјуто за „Town & Country“ –
– Луѓето сè уште сакаат да ги видат моите гради. Па имам 62 години! Ајде пораснете – рекла sвездата на филмот „Основен инстинкт“, за чија легендарна сцена, во која во белиот мини фустан во полициската станица ги прекрстува нога преку ногата, додека под него не носи ништо, се зборува и денес.
Шерон се осврнала на тоа зошто смета дека и понатаму е толку привлечна за мажите.
– Навистина, никогаш не сум мислела дека сум баш толку секси. Кога го снимав „Основен инстинкт“, ја истражував својата „мрачна страна“ и така стекнав некои нови пријатели. Успеав да се донесам самата себе до тоа да не се плашам и да не се срамам од себе и мислам дека тоа е она што луѓето го сметаат за секси на мене – рекла актерката.
Таа зборува и за негативните страни на таа титула.
– Понекогаш е тешко, затоа што сите очекуваат да бидам она на што навикнале цело време. Тоа било навистина тешко и на Мерлин Монро. Снимила важни филмови, како „Автобуска станица“ и „Неприлагодени“, но секогаш беше придружена со сликата на секс-симбол и создадениот имиџ. Многу е тешко се справиш со тоа – рекла Шерон.