Шерон Стоун ја удрил гром: Актерката завршила во болница

751

Холивудската актерка Шерон Стоун неодамна откри дека ја погодил гром.

Шерон во тој момент прелетала низ целата кујна.






– Тогаш бев дома и истурив вода во пеглата. Едната рака беше на мојата славина, а другата на пеглата и одеднаш – удри молња, а водата беше спроводник. Летав низ целата кујна и го погодив фрижидерот – се сеќава 62-годишната sвезда на филмот „Основен инстинкт“.

Нејзината мајка потоа ја однела во болница на преглед на лекар.

– ЕКГ покажа многу електрична енергија во моето тело. Морав да правам ЕКГ десет дена по ред – изјавила познатата актерка.

Како што додаде Стоун, таа е среќна што воопшто е жива, со оглед дека ова не била единствената „блиска средба со смртта“ што ја имала. Таа еднаш го исекла вратот и единствено од чиста среќа не била вената во прашање, а во 2001 година доживеа и мозочен удар.

Поврзани содржини