ШЕНОН ДОЕРТИ СЕ РАЗВЕЛА ЕДЕН ДЕН ПРЕД СМРТТА Поранешниот сопруг ја изневерувал актерката

Актерката одлучила да се откаже од брачната алиментација, а странските медиуми додаваат дека разводот го решиле надвор од судот.

2,312

Актерката и ѕвезда на култната серија „Беверли Хилс 90210“, Шенен Доерти, се развела од сопругот, фотографот Курт Исвариенко, само еден ден пред сопствената смрт, тврди „Пејџ сикс“. Актерката одлучила да се откаже од брачната алиментација, а странските медиуми додаваат дека разводот го решиле надвор од судот.

Шенон ја потпишала документацијата во петокот на 12 јули, додека фотографот ја потпишал документацијата во саботата на 13 јули кога актерката починала по борбата со ракот на дојката.






Во документацијата е наведено дека „постои заемна желба да се дојде до конечно решение за сите заеднички имотни интереси и сите прашања поврзани со имотот“.

Долгогодишната публицистка на актерката, Лесли Слоун, објави дека Шенон починала опкружена со своите најблиски.

– Посветена ќерка, сестра, тетка и пријателка, беше опкружена со своите најблиски, како и со кучето Боуви – изјавила таа за „Пипл“ и додала:

– Семејството замолува за нивната приватност во овој момент за да можат да тагуваат на мир.

Набргу по смртта на актерката, нејзината пријателка Тара Фуриани го прозва Исвариенко (50) за недостаток на „хуманост“ во текот на жестока бракоразводна битка на Шенон, која започна во април 2023 година, тврдејќи дека Исвариенко „одолговлекувал со откривањето на приходите во судот во обид да ја одложи пресудата или плаќањето“.

– Животот е толку тежок… животот е исклучително тежок со ракот и без поддршката што сте мислеле дека ќе ја имате – тврди Фуриани и додала дека многумина „немаат поим со што се справуваат луѓето и низ што поминуваат“.

– Тој се надева дека ќе умрам пред да мора да ми плати додека тој продолжува да го живее својот живот и да ги избегнува обврските кон својата сопруга која умира повеќе од 11 години – изјавила Шенон во таа прилика.

Адвокатот на Исвариенко ги отфрли нејзините тврдења, наведувајќи дека Исвариенко сакал да го финализира разводот во септември 2023 година со спогодба, што таа го негираше бидејќи тој одолговлекувал со информациите колку заработил во раните фази на нивниот брак.

Доерти и Исвариенко се венчаа во октомври 2011 година во Калифорнија, а се разведоа поради неговото неверство.

Поврзани содржини