ШЕНОН ДОЕРТИ ПРОГОВОРИ ЗА РАКОТ НА ДОЈКА Ќе се борам да останам жива (ВИДЕО)
Актерктата вели дека не планира да се откаже од борбата против болеста.
Актерката Шенон Доерти неколку години се бори со ракот на дојка кој е четвртиот стадиум.
Актерктата вели дека не планира да се откаже од борбата против болеста.
– Никогаш не сакам да се однесувам како да умирам – рекла 50-годишната актерка позната по улогата во серијата „Беверли Хилс 90210“ и „Маѓепснички“, гостувајќи во емисијата „Добро утро Америка“.
„Само сакам да работам затоа што ќе продолжам да се борам за да останам жива“, додала таа и објаснила дека не ѝ се допаѓа идејата да состави список со последните желби.
– Многу луѓе на кои им е дијагностицирана четвртата фаза се отпишани на некој начин. Се претпоставува дека не можат да работат или не можат да работат со полн капацитет, а тоа не е точно – рекла Доерти.
„Тоа е нешто што навистина би сакала луѓето да престанат да го претпоставуваат и да ни дадат можност да им докажеме дека грешат“, заклучила таа.
На актерката првпат ѝ беше дијагностициран рак на дојка во март 2015 година, а беше подложена на мастектомија во мај 2016 година.
ФОТО: Инстаграм