ШЕЛТОН ГО ОСВОИ ТУРНИРОТ ВО ТОРОНТО Ѓоковиќ падна на 7 место на АТП листата

146

Американецот Бен Шелтон е пресреќен по победа над Русинот Карен Качанов во финалето на АТП турнирот во Торонто.

– Тоа е надреално чувство. Беше долга недела, а патот до финалето не беше лесен. Мојот најдобар тенис дојде кога беше најважен. Бев упорен, издржлив, фокусиран. Сите квалитети што сакам да ги видам во себе – изјави Шелтон по освојувањето на трофејот во канадскиот град.






На патот до финалето, Шелтон ги победи Адриан Манарино, Брендон Накашима, Флавио Коболи, Алекс де Минаур и Тејлор Фриц.

Со својата прва победа на АТП Мастерс 1000 турнир, Американецот Бен Шелтон го достигна своето најдобро рангирање на листата на најдобри тенисери и се искачи на шесттото место. Со оваа победа тој го симна Ѓоковиќ на седмата позиција.

Поврзани содржини