🎥 ШЕКИЛ О’НИЛ ПЕЕ НА ХРВАТСКИ, ЛУКА ДОНЧИЌ СЕ ЗАГРЕВА И УМИРА ОД СМЕЕЊЕ „Празан стан“ ечи во Далас, видеото стана хит на социјалните мрежи

Во салата во Далас, пред третиот натпревар од финалето на Западната Конференција против Минесота, очигледно на барање на Дончиќ, беше пуштен хитот на хрватската група Е.Т. „Празен стан“, а популарната песна му се допадна и на легендарниот Шекил О'Нил.

1,244

Лука Дончиќ, словенечката суперѕвезда во НБА лигата, е голем љубител на музиката од овие простори, па на загревањето во Далас често може да се слушнат хрватски и српски хитови. Во НБА е вообичаена практика играчите да составуваат свои плејлисти кои ќе се пуштаат во салата пред домашните натпревари, а тоа е случај и во Далас каде Дончиќ е главна ѕвезда.

Така диџејот во салата на Маверикс, пред третиот натпревар од финалето на Западната Конференција против Минесота, очигледно на барање на Дончиќ, го пушти хитот на хрватската група Е.Т. „Празен стан“. Покрај Дончиќ песната му се допадна и на легендарниот Шекил О’Нил.






Додека Дончиќ се загреваше, „Празан стан“ одекнуваше низ салата во Далас. Шекил О’Нил, кој како коментатор поради неговите миленици Јокиќ и Дончиќ се почесто зборува на јазик што и ние го разбираме, седнат покрај теренот се обидува да ги фати зборовите на хрватскиот хит.

Кога го забележа тоа, Дончиќ гласно се насмеа, а потоа отиде да се поздрави со легендата на НБА.

Заедно со Кајри Ирвинг, Лука Дончиќ со 33 поени беше најдобар играч во третата победа на Далас против Минесота во финалната серија во Западната Конференција. Маверикс само уште една победа ги дели од пласман во големото НБА финале.

Далас го чекаше финалето лесни 13 години, од 2011 година кога Дирк Новицки ги предводеше Маверикс до титулата против Мајами Хит.

Заедно со Кајри Ирвинг, Лука беше најдобар играч на тимот, а чуварите на Далас постигнаа по 33 поени.

Далас го чека финалето цели 13 години, од 2011 година кога Дирк Новицки ги предводеше Маверикс до титулата против Мајами Хит.

Поврзани содржини