Шекеринска загрижена за СДСМ: Ако си го одмолчиш своето, нема да има никакви проблеми!

Се надевам дека тоа мое чувство дека за некои работи шушкаме, а не зборуваме за да го решиме проблемот, тоа нема да ѝ помогне, само ќе ѝ одмогне на партијата, рекла Шекеринска на Конгресот на СДСМ што се одржа вчера.

3,607

Иако довчерашната заменик претседателка на СДСМ, Радмила Шекеринска, јавно упати честитки за изборот на новото раководство, таа на Конгресот изразила и критики за досегашните делувања на партијата. Дел од нив може да се слушнат на аудио снимката објавена на следниов линк. 

– Морам да кажам дека за некои работи сум и загрижена и сакам апсолутно да не сум во право. Загрижена сум дека за одредени прашања влегуваме во старата замка, а тоа е да ги затвораме очите од некои проблеми од кои само ние можеме да ги решаваме, никој друг. Загрижена сум за тоа чувство дека ако си го одмолчиш своето, нема да има никакви проблеми. А тие проблеми само се зголемуваат. Загрижена сум што е сомнително кога некој има став и некаква позиција, исправна или не. А не кога ги жртвува и ставот и принципите за некаква лична цел. И загрижена сум што повеќе почнавме да им веруваме и да им помагаме на луѓето коишто ескивираа или се дистанцираа, а помалку на оние коишто страдаа заедно со нас. Се надевам дека тоа мое чувство дека за некои работи шушкаме, а не зборуваме за да го решиме проблемот, тоа нема да ѝ помогне, само ќе ѝ одмогне на партијата – вели  Шекеринска.

Поврзани содржини