Шекеринска за ТВ24: Бегањето од избори е неодговорно кон граѓаните

Ставот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на лидерската средба беше став со цел агонијата да продолжи со здравстена, финансиска и економска криза - рече Шекеринска.

503

Никој не посакува оваа состојба на половично функционирање на државата да продолжи до бесконечно, истакна министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, во денешното гостување во отвореното студио на ТВ24.

– Сакаме да постигнеме консензус кога станува збор прашањето за датум за изборите. Имаме одлука за избори и целото тоа одложување може да предизвика кризи. Ставот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на лидерската средба беше став со цел агонијата да продолжи со здравстена, финансиска и економска криза – рече Шекеринска.






Таа додаде дека бегањето од избори и од консензус на лидерската средба е неодговорно кон граѓаните.

Поврзани содржини