Шекеринска: Во Софија не се многу среќни од предлогот на Силва и Вархеји

Очигледно е дека во Бугарија не се многу среќни со предлогот. Мислам дека и затоа го пуштија во јавноста, да му ги сосечат нозете - рече Шекеринска.

1,250

Предлогот на министерот за надворешни работи на Поругалија Аугусто Сантош Силва и еврокомесарот за проширување Оловер Вархеји покажува дека ЕУ презема засилен, видлив и конкретен ангажман околу Република Северна Македонија и за деблокирање на нејзината евоинтеграција, смета министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Таа во гостувањето во Само интервју на Канал 5, рече дека можат да се препознаат две добри работи – дека ЕУ активно се ангажира и дека ќе се почитува принципот идентитетските прашања да не се дел од преговарачката рамка.






Според неа, позитивно е што работите се придвижуваат, затоа што би било лошо да има статус кво и на тоа да се навикнеме и ние и ЕУ. Истакна дека и покрај ниските очекувања, се покажа дека португалското претседателство со ЕУ, сепак, е фокусирано на Балканот и на проширувањето.

Поддршката за старт на преговорите, посочи Шекеринска ја покажува и тоа што огромното мнозинство од 26 земји во ЕУ се за отворање на преговарачкиот процес со С Македонија, а од друга страна само Бугарија е против.

– ЕУ покажува и дека останува доследна на принципот дека на идентитетските прашања не им е местото во преговарачката рамка и во процесот на преговори. Тоа е пронцип кој треба да не радува – рече Шекеринска.

За реакциите во Софија, вели дека е од она што можела да го проследи од медиумските извештаи, Бугарија не е задоволна од предлогот на Силва и Вархеји.

– Очигледно е дека во Бугарија не се многу среќни со предлогот. Мислам дека и затоа го пуштија во јавноста, да му ги сосечат нозете – рече Шекеринска.

Според неа, работите се уште се далеку од завршени, но радува што ЕУ се ангажира да се дојде до решение.

Поврзани содржини