Шекеринска: ВМРО-ДПМНЕ не сака попис, затоа предлага набавка на терминали за отпечаток од прст

Тоа е истата партија која еднаш тргна во попис, самата ги уриваше правилата на попис. Потроши 4 или 7 милиони евра и потоа рече „пу пу не важи“ - истакна Шекеринска.

679

Кога една партија неколку месеци пред пописот што сите го чекаме речиси 20 години, ќе ви даде предлог да се купат илјадници апарати за чија набавка не само што требаат пари, туку треба и долг временски период, тоа практично покажува дека повторно не сака да има попис, изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

– Тоа е истата партија која еднаш тргна во попис, самата ги уриваше правилата на попис. Потроши 4 или 7 милиони евра и потоа рече „пу пу не важи“ – истакна Шекеринска.






Нејзината оценка е дека и овој предлог на ВМРО-ДПМНЕ е само уште еден обид да се одложи пописот и да се проблематизира за да не се покаже дека кога државата сака да има попис, може да има попис.
Поврзани содржини