ШЕКЕРИНСКА ВЕЛИ ДЕКА Е ЛАГА ДЕКА ИНТЕРВЕНИРАЛА ЗА ВОЗАЧОТ Изрази длабоко сочувство за смртта на Фросина

Одговорно тврдам дека со ниту едно од споменатите лица немам никаков контакт, познанство ниту пријателство: ниту со сторителот ниту со неговиот родител, а уште помалку со судијката што одлучувала за неговите предмети, вели заменик генералната секретарка на НАТО.

1,781

Заменик генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, денеска на својот Фејсбук профил ги демантира информациите дека дека интервенирала за пуштање на возачот Васил Јованов, осомничен за убиството на 22-годишната Фросина Кулакова, додека Обвинителството го истражувало за дрога.

„Тие се целосна, безобразна и исконструирана лага за која не постои никаква основа“, напиша Шекеринска и упати длабоко сочувство до семејството и до блиските на Фросина






„Одговорно тврдам дека со ниту едно од споменатите лица немам никаков контакт, познанство ниту пријателство: ниту со сторителот ниту со неговиот родител, а уште помалку со судијката што одлучувала за неговите предмети. Со ниту едно! Дополнително, сите што ме познаваат го знаат мојот став за овие прашања. Како и сите вие, и јас се плашам кога мои блиски ја поминуваат „Партизанска“ (особено кај „Силбо“). Како многумина од вас, и јас сум реагирала на беснеењето на возачите што мислат дека правилата не важат за нив и дека нашите улици се писта за нивните комплекси и покажување „сила“. И никогаш, ама буквално никогаш не сум се јавила на никој за да побарам ургенција за каква било сообраќајна грешка. Никогаш! Некои пријатели ми замериле поради тоа (што не сум „им завршила работа”), но сум стоела зад мојот став, бидејќи искрено верувам дека неказнивоста води кон повторување на делата, а тоа значи само чекор до трагедија“, напиша Шекеринска.

Поврзани содржини