Ковачки наместо да се засрами и извини за заканите кон началникот на Генералштабот, продолжува со својата агенда за поткопување на Армијата и одбраната на државата. Како министерка за одбрана немам намера да полемизирам со тоа што тој континуирано го изнесува во јавноста, бидејќи полемика заслужува факти, а не лаги и манипулации, вели министерката Радмила Шекеринска.
– Впрочем, кои се неговите вистински намери се виде според пораката „долга е раката на ВМРО”. Со неа јасно кажува кои се неговите позиции и сега и за во иднина. Поради тоа сметам дека понатаму нема што да се дискутира со личност која јасно порача дека ѝ е поважна партиската од војничката заклетва. Да имаше Ковачки офицерска чест, ќе се определеше дали ќе ѝ биде лојален на војничката или на партиската униформа бидејќи срамот од неговите истапи не е веќе само негов, туку ја срами и целата Армија- вели министерката за одбрана.