Шекеринска со напад ја брани скандалозната фотка: Реагираат тие кои дури девет години коалицираа со Дехари

2,254

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска за време на денешниот престој во Битола јавно одговори во врска со објавената фотографија и коментарите на социјалните мрежи по нејзината средба со градоначалникот на Општина Кичево, Фатмир Дехари.

– Реакциите за средбата со градоначалникот на Кичево главно доаѓаат од тие кои од 11 дури девет години беа во коалиција со Фатмир Дехари, кој немал различна канцеларија. Јас имам почит кон граѓаните, и кога како министер имам средби со официјални претставници на граѓаните, јас влегувам во домот на граѓаните, а не во нечиј личен дом. Моја обврска како министер за одбрана не беше да зборувам за минатото, туку да ги лечам раните од минатото и да не дозволам никогаш да не се повтори тоа што се случи во 2001-ва, и тоа го направив. Нашата држава е членка на НАТО и граѓаните знаат дека такво нешто никогаш повеќе нема да биде страв за нашата држава, а оние што зборуваат нешто требаше да сработат, јас моето го сработив- изјави Шекеринска. 

Поврзани содржини