Шекеринска обвини дека Дурловски зел 200 илјади евра за „хушкање во насилствата од 27 април“

413

Не умирам од желба да дебатирам со човекот кој влезе во Собрание да ме убие или да организира други да направат кривични дела. На вакви покани за емисии доаѓаме поради граѓаните и ова што не дојде е поради тоа што тој никаде не се појавува каде што може да добие прашања, изјави потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска за вечерашното отсуство на нејзиниот противкандидат Игор Дурловски во емисијата „Само вистина“.

Таа додаде дека ВМРО-ДПМНЕ не објавува ни кои општини ќе ги посети нивниот кандидат Дурловски.

– Очигледно тој бега од секој што може да му постави прашање. ВМРО-ДПМНЕ си го крие својот кандидат кој што единствен начин да дебатира му беше да испрати луѓе за тепање. Луѓе од ВМРО-ДПМНЕ потврдуваат дека за тоа хушкање за насилствата од 27-ми април, тој и уште двајца соработници добиле 200 илјади евра – рече Шекеринска.

Поврзани содржини